Здружението НЕФРОН од Македонија го одбележа јубилејот 20 години постоење

Najvažniji poziv u životu
18/05/2023
Sjajni timovi za transplantaciju u Hrvatskoj
21/07/2023

     Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон е основано во 2003 година од група на пациенти ентузијасти и неколку лекари, и како едно од првите пациентски организации во Македонија работи посветено и исклучиво за правата на бубрежно болните лица веќе 20 години.

Здружението Нефрон има широка организациска структура со 23 ограноци во секој од центрите за дијализа и огранок за трансплантирани и органодарители, со бројно членство низ годините. Активностите на здружението се однесуваат на помош и поддршка на бубрежно болните лица, едукација на членовите и пошироката јавност, заложби за подобрување на условите за дијализа, трансплантација и лекување воопшто, остварување на правата на пациентите, реализација на разни проекти и настани, самостојно и преку соработки со надлежни институции и организации, застапување на пациентите во земјата и странство, а сето тоа со единствена цел – да се обезбедат лични и заеднички подобри услови за лекување,за подобар квалитет на живот и создавање услови за подобра лична здравствена, социјална и општествена рехабилитација на секој член.

Во изминатите 20 години се спроведени неброено многу активности, пред се благодарение на доброволната и волонтерска основа базирана на максимална активност, креативност, амбиција и желба за реализација на програмата на мал број активисти, секогаш на чело со претседателот на здружението.

Јубилејот 20 години Здружение НЕФРОН го посветивме на пациентите на дијализа и на пациентите со трансплантиран бубрег со 20+ (повеќе од 20 години живот на дијализа или со трансплантиран орган). По тој повод на 72 лица им беа врачени пригодни подароци од здружението.

На 25 јуни 2023г. Во Здружението НЕФРОН се одржа убав настан за членовите, полн со емоции, со искрени прегратки и многу посакани желби за долг живот со успешна дијализа и трансплантација.

Помеѓу присутните херои на одвој настан се најдоа и пациентот со најдолг стаж на дијализа во земјата но и во регионот – 43,5 години, но и двајца пациенти со по 26 години трансплантиран бубрег. Тие заедно со уште 70 свои колеги по болест, се доказ дека терминалниот стадим на хроничната бубрежна болест е состојба која може и мора да се победи: ќе ја прифатиш и ќе се бориш со неа, животот на прво место, ќе одлучиш да се бориш, ќе ги слушаш советите на лекарите но и нема да се придржуваш најстрикно до нив, ќе бидеш доволно силен и постојано ќе наоѓаш мотив за живеење.

Во прилог слики од настанот: