II međunarodni susreti u Skopju 23. do 26. 6. 2022

POZIVNICA za ӏI-ge. Međunarodne susrete dijaliziranih I transplantiranih pacijenata u Makedoniji sa edukativnim I sportskim karakterom
29/07/2022
Šta donosi predlog o doniranju organa koji je Ministarstvo prihvatilo
31/07/2022

Вторите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани ги реализиравме во периодот од 24-26 јуни 2022 година во Скопје, со помош на нашите поддржувачи и членови. Богатата агенда во целост беше исполнета:

повеќе од 90 учесници на отварањето и едукативниот дел ;јавно искажана поддршка од здравствените институции, првата дама и кабинетот на претседателот на државата,амбасадата на Р.Бугарија преку “Програмата за помош и развој“, клиниките, центрите за дијализа, општествено одговорни компании, други здруженија на пациенти од земјата и регионот ;

се реализираа 4 едукативни предавања и имаше богата дискусија и размена на искуства меѓу пациентите и лекарите, oд каде се изведоа важни заклучоци;

се одржаа 2 состаноци на кои учествуваа нашите членови од 20 центри за дијализа и трансплантираните и претставници на Мрежата SEEN Transplant од 5 држави од југоисточна Европа

во рекреативниот дел учесниците се забавуваа и играа пикадо, шах, табла, домино, прстенуваа флаши …

🧑‍повеќе од 40 учесници беа на еднодневна екскурзија со автобус која опфати посета на: Скопското Кале, Црквата ‘’Св.Спас’’ и гробот на Гоце Делчев, обиколка на Централното градско подрачје со презентација на значајни институции и установи, плоштадот “Македонија’’ и Триумфалната капија од каде сите се упатија кон “Марков Манастир’’ каде бевме пречекани и имавме прилика за пладневно дружење ;

Потпишавме Повелба за соработка со НВО “НЕФРО’’ Пљевља ;

На Свечената вечера доделивме сертификати за учесниците, пехари за најдобрите екипи, споделивме многу позитивни емоции и ветување дека ќе продолжиме да се држиме заедно за остварување на нашите заеднички цели – а тоа е подобар живот за бубрежно болните лица и повеќе заложби за трансплантација која променува и спасува животи!

Настанот беше високо оценет од сите учесници! Позитивните пораки со благодарност и поддршки пристигнуваат од сите страни

Ви благодариме на сите кои на било кој начин бевте дел од овој настан

https://www.facebook.com/NEFRONzdruzenie/photos/pcb.3265743736977528/3265722513646317