Денешниот ден во повеќе од 200 земји ширум светот се одбележува Светскиот ден на бубрегот, најодбележуван настан во светот кој се фокусира на важноста на здравјето на бубрезите.

Нефрон: Да се зголеми бројот на трансплантации на бубрези
30/04/2020
12 март – Светски ден на бубрегот
30/04/2020

 

Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година во вториот четврток од месец март, во повеќе од 200 земји ширум светот.

И Македонија преку активностите на Здруженијата Нефрон и МЗНДТВО (Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи) се приклучи кон Светската кампања уште од 2007 год. и од тогаш организираме секоја година различни настани на теми поврзани со бубрежните заболувања.

Годинава светската кампања е насочена кон важноста на превенцијата на бубрежните заболувања  и гласи: „Од превенција до детекција и правичен пристап до нега“.

Ø Бубрежните болести се незаразни болести кои во моментов погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот.  Ø Еден од десет возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Ø Во глобални рамки ХББ (хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде 5-та болест како причина за смртност на годишно ниво.

И во Македонија според статистиката 1 од 10 возрасни има некоја форма на бубрежно заболување. Во краен стадиум на болеста ХББ кога е неопходно да се примени бубрежно-заместителна терапија во март 2020  година со дијализа се лекуваат 1600 пациенти во 23 центри за дијализа.

-Дијализните третмани во Македонија се редовни, навремени, бесплатни (на товар на ФЗОМ) и обезбедени за секој граѓанин без ралика не неговата припадност (социјална, верска, родова и др). Од 1977 г. па досега во центарот за трансплантација на бубрези се извршени 420 трансплантации, од нив 90% се трансплантации од познат-жив дарител. Најголем број од пациентите не можат да обезбедат соодветен донор од семејството и очекуваат здравствениот систем и здравствените власти во Македонија сериозно да пристапат и да се заложат за развој на кадаверичната трансплантација на органи преку развој и поттикнување на донирањето на органи после смртта. Неопходно е отпочнување на континуирана Национална кампања  за органодарителство, велат од НЕФРОН.

ХББ е болест за која се трошат огромни средства од здравствените буџети. Трошоците за дијализа и трансплантација се надополнуваат со други трошоци за лекување на компликациите кои болеста ги предизвикува. Затоа е неопходно под итно да се воведат нови лекови и нови генерици за бубрежно болните лица ( на дијализа и трансплантирани ) терапија која е достапна во многу земји во регионот, апелираат од Здружението Нефрон.

Бубрежните болести можат да се превенираат и лечат доколку наврмено се откријат. Затоа на денешниот ден апелираме најмалку еднаш годишно да ја проверувате функцијата на бубрезите преку едноставни тестови на крвта и урината (мерење на вредностите на уреа и креатинин). Со редовна регулација на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта допринесувате бубрзите да се одржуваат здрави, здравиот начин на живот со редовна физичка активност и консумирањето течности и здрава храна, а одбегнување на косумација на нефротоксични лекови, цигари и алкохол се препораките кон кои треба да се придржува секој човек за да го зачува бубрежното здравје.

Публицитет.мк